Зеленски го менува актуелниот министер за одбрана, сака да го назначи досегашниот прв разузузнувач на оваа функција

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников може да ја напушти функцијата, а на негово место може да биде назначен Кирило Буданов, поранешен шеф на украинската воена разузнавачка служба ГУР, пишува Украинска Правда.

Овој медиум се повикува на свои неименувани соговорници и извори од Министерството за одбрана и Кабинетот на претседателот на Украина.
Наводно, во моментов размислуваат на која позиција да биде отстапен Резников, бидејќи никој не се сомнева дека тој треба да остане во тимот на Зеленски. Една од опциите е именувањето на Резников за нов министер за правда, а актуелниот министер Денис Маљушкин да биде испратен за амбасадор во некоја од европските земји.
Причините засега се непознати, но украинскиот претседател неодамна најави големи смени во украинскиот воен и државен врв.
Едно од причините најверојатно е големите губитоци кои украинската војска ги има во битките околу Донбас