Зеленски ги укинува забраните: Чернобил станува туристичка дестинација

Чернобил наскоро станува туристичка дестинација и место кое ќе можат да го видат многу научници, еколози и историчари, најави денеска украинскиот претседател Зеленски.

Зеленски потпиша декрет со кој се укинуваат претходните бројни забрани за посета на чернобилската зона околу местото на катастрофалната несреќа со нуклеарниот реактор од 1986 година.

– Треба на светот да му го покажеме Чернобил: научници, еколози, историчари и туристи, сите тие се добредојдени –  рече Зеленски, а пренесе агенцијата „Тасс“.

– Денес потпишав декрет, со кој ќе се отвори процесот на трансформирање на зоната на исклучување во една од новите точки за раст на Украина –  додаде тој.

– Прво ќе создадеме зелен коридор за туристите и ќе ги отстраниме предусловите и за најмала радијација –  истакнаЗеленски, истакнувајќи дека во тој дел нема да има никакви забрани.

Украинскиот претседател вети дека Чернобил наскоро ќе стане научно и туристичко место кое ќе биде симбол на новите слободи во Украина – без корупции и забрани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот