Зеленски ги разреши неколку украински амбасадори, дури и тој што бараше тешко оружје од Германија

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / 15 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши амбасадорот во Германија Андриј Мелник, се наведува во декретот објавен од претседателскиот кабинет.

Разрешени се и амбасадорите на Украина во Норвешка, Чешка, Унгарија и Индија, се вели во декретот. Не е наведена причината, ниту што ќе прават дипломатите во иднина.

Мелник стана познат по неговите постојани барања за поголема поддршка од германската влада, во форма на потешко оружје, додека руските напади продолжија.

Неодамна, тој беше под притисок затоа што го бранеше украинскиот националистички лидер Степан Бандера, кој ја предводеше групата одговорна за етничко чистење и масакрот на десетици илјади Полјаци за време на Втората светска војна.

Дел германски медиуми, вклучувајќи ги весниците Билд и Зидојче цајтунг, објавија дека Мелник треба да биде преместен во Министерството за надворешни работи во Киев, повикувајќи се на украински извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот