Зеленски е највлијателната личност на светот според анкетата на магазинот „Тајм“

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го доби првото место за највлијателен човек на годината според списанието „TIME“. Читателите гласаа во анкета за луѓето за кои сметат дека заслужуваат место на годишната листа на „TIME 100“ за највлијателни луѓе на годината. Со повеќе од 3,3 милиони дадени гласови, Зеленски беше прв со 5% од гласовите.

Кога започна војната во февруари, Зеленски, комичар без политичко искуство пред да биде избран за претседател на Украина во 2019 година, беше претставен на светската сцена. „Разбирате дека гледаат“, му рече тој на Сајмон Шустер од „TIME“ во априлското интервју за неговата улога во војната. „Станувате симбол. Треба да се однесувате како што мора да постапи лидерот на државата“.

На второ место се најде извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск со 3,5% од гласовите. Минатиот декември, Маск беше прогласен за личност на годината на „TIME“ за 2021 година за неговото влијание врз „животот на Земјата, а потенцијално и животот надвор од Земјата“, како што напиша главниот уредник и извршен директор Едвард Фелсентал. Најбогатиот човек во светот, Маск продолжи да се наоѓа на насловните страници оваа година кога „Твитер“ ја прифати неговата понуда од 44 милијарди долари за купување на платформата.

илон маск
Фото: EPA

На третото место се најде британскиот премиер Борис Џонсон со 3,4 отсто од гласовите. На почетокот на годината, Џонсон се соочи со реакции и беше казнет од полицијата кога се појавија вести дека ги прекршил правилата за заклучување на пандемијата на неговата конзервативна влада кога присуствуваше на роденденска прослава во неговата канцеларија на Даунинг стрит во јуни 2020 година. Беше утврдено дека британскиот премиер го прекршил законот, па се извини во април, но рече дека свесно не ги прекршил правилата.

Борис Џонсон / EPA-EFE/NEIL HALL / POOL

По Џонсон, со 3,2 отсто од гласовите, беа здравствените работници, кои остануваат критични чченови на општеството за тековната борба против Ковид-19. Американскиот претседател Џо Бајден се најде на петтото место со 3,1 отсто од гласовите.

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Списокот „TIME 100“ за 2022 година, кој на крајот е избран од уредниците на списанието, ќе биде претставен на 23 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот