Зеленски до светските лидери во Давос: Не можеме да дозволиме во светот да се владее со груба сила

Володимир Зеленски / Фото: ЕПА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на светските лидери собрани во Давос, во Швајцарија, на првиот ден од работата на Светскиот економски форум (СЕФ).

Тој на почетокот на својот говор, реалиизран преку видео линк, ги замоли учесниците на форумот да ја разгледаат важноста на темата на годинашниот СЕФ – историјата на пресвртница.

-Оваа година темата е повеќе од реторичка. Таа ја означува војната која во моментов е актуелна, рече Зеленски.

Украинскиот претседател порача дека светот не смее да дозволи да биде управуван од него со груба сила, при што предупреди на руски воени злосторства извршени во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот