Володомир Зеленски/ Фото EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Зеленски до руските мајки: Не ги праќајте вашите деца во војна

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на бојното поле.

– Сакам да им го кажам ова уште еднаш на руските мајки, особено на мајките на воените регрути. Не ги испраќајте вашите деца во војна во странска земја, рече Зеленски.

Тој ги повика „да не веруваат во ветувањата дека ќе бидат испратени некаде на вежби … или во неборбени услови” и „да дејствуваат веднаш доколку има сомневања дека нивните деца се испраќаат да се борат во Украина”.

Обраќањето доаѓа откако Русија во средата за првпат призна присуство на регрути во редовите на нејзините сили во Украина – од кои многумина не биле обучени за борба – и објави дека голем број од нив биле заробени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот