Зеленски до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, сѐ додека е Путин на власт

Володимир Зеленски / Фото: ЕПА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски,  во новата ноќна порака изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден сѐ додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја нареди инвазијата врз Украина.

– Додека сите вие ​​самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани еден по еден, станувајќи жртвени јарци, бидејќи не признавате дека оваа војна е историска грешка за Русија, рече Зеленски во своето редовно ноќно обраќање.

Украинскиот претседател додаде дека наскоро армијата, која од вчера го контролира градот Лиман, во регионот Доњецк, што е под руска контрола, ќе поврати и други градови во регионот.

-Во текот на неделата над Донбас се вееја нови украински знамиња, а следната недела ќе ги има уште повеќе, додаде Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот