Зеленски даде пет главни услови за прекин на војната со Русија: Кога ќе се исполнат, Украина ќе седне на преговарачка маса

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / 15 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги постави условите за преговори со Русија, повикувајќи ја Москва да се придржува до Повелбата на Обединетите нации (ОН) и да плати компензација за загубите предизвикани од тековната војна,

Украина војници EPA-EFE/c

 

Зеленски ги обелодени петте услови кои Киев ги псотавува како услов за започнување на преговрите со Москва:

– Повторно воспоставување на територијалниот интегритет, почитување на Повелбата на Обединетите нации, компензација за сите воени штети, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа нема да се повтори. Тоа се апсолутно јасни услови – рече Зеленски во својата изјава постираана на неговиот налог на социјалната мрежа Телеграм.

Украина војници/ Фото EPA-EFE/Andrzej Lange POLAND OUT

Зеленски, говорејќи преку видео врска на 27-та конференција на Обединетите нации за климатски промени, го повтори повикот за обновување на територијалниот интегритет на Украина, казнување на секој воен злосторник и обезбедување гаранции дека тоа нема да се повтори.

Фото Твитер принтскрин

Претходно овој месец, претседателот на Украина рече дека неговата земја е подготвена да влезе во преговори со Русија само доколку руските трупи ги напуштат сите делови на Украина, вклучително и Крим и источниот дел на Донбас, кои Русија де факто ги контролира од 2014 година.

Херсон Украина фото:EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Доколку не биде исполнет еден од условте, Киев нема да седне на мировни преговари со Москва , дециден е Зеленски

Видео на денот