Зеленски бара од Западот поостар меѓународен одговор на „рускиот нуклеарен терор”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја посети линијата на фронтот во регионот Запорожје / Фото: EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска преку Твитер ја повика меѓународната заедница да испрати поостар одговор, како што рече, на „рускиот нуклеарен терор“, по синоќешното гранатирање на нуклеарната централа „Запорожје“, најголемата нуклеарка во Европа.

Во телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Зеленски побара да се воведат нови санкции за руската нуклеарна индустрија, а информацијата ја објави на Твитер.

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија претходно соопшти дека еден работник во нуклеарката „Запорожје“ синоќа бил ранет во руското гранатирање на објектот.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси вчера изрази голема загриженост поради гранатирањето на „Запорожје”, предупредувајќи на опасноста од можна нуклеарна катастрофа, што може да ја загрози животната средина и јавното здравје во Украина и пошироко.

Централата во Запорожје беше окупирана од руските воени сили на почетокот на војната, но таму сè уште работат украински техничари.

Далноводот во централата пред два дена беше гранатиран и погоден, принудувајќи ги операторите да го затворат реакторот, иако не беше откриено истекување на радиоактивни материи.

Двете страни вчера меѓусебно се обвинија за „нуклеарен тероризам“. Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом” ја обвини Русија за штетата, додека руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили за гранатирање на централата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот