
Зеленски: Ако има целосен прекин на огнот, не може да има „но“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не знае 100 отсто за што разговарале руските претставници со американскиот специјален претставник за Блискиот Исток Стив Виткоф во четвртокот во Москва, но дека прекинот на огнот мора да биде целосен без никакви „но“.
Препорачано
„Што се случи во Москва, разбирам… не можеме 100 отсто да знаеме за што зборувале овие луѓе. Но, разбираме дека ќе има многу различни обиди да се стави Украина во тешка ситуација. А позицијата на Америка е многу важна тука: ако има целосен прекин на огнот, не може да има „но“, рече Зеленски, според Укринформ.
Како што наведе, ставот на сите мора да биде јасен, транспарентен, вистинит, „без губење на достоинството на партиите“.
Зеленски истакна дека претставник на американскиот преговарачки тим веќе се сретнал со руската страна, а во блиска иднина ќе се одржи уште една координативна средба меѓу САД и Украина.
Тој додаде дека украинската страна се надева на цврст став од американскиот претседател Доналд Трамп во случај Русија да не се согласи на прекин на огнот.
москва
Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф во четвртокот ја посети Москва, каде меѓу другото се сретна со Путин.
Кремљ објави дека Путин му дал на Трамп „дополнителни информации и дополнителни сигнали“ преку Виткоф, пренесува Танјуг.