Зеленска пред британските пратеници: Најмалото девојче силувано од руските окупатори имаше четири години, ни треба правда

Олена Зеленска
Првата дама на Украина, Олена Зеленска / Фото: EPA-EFE/SAUL LOEB / POOL

„Секојдневно слушаме сирени. Тие се идентични со оние што ги слушаа британските генерации во Втората светска војна. Вие не се предадовте и ние нема да се предадеме. Но победата не е единственото нешто што ни треба. Ни треба правда. Доаѓам кај вас по правда“, рече денеска украинската прва дама Олена Зеленска од говорницата на британскиот Парламент.

За време на обраќањето во Вестминстер, Зеленска ја повика светската заедница да се обедини и да поддржи формирање на специјален суд каде Русите ќе одговараат за злосторствата извршени за време на инвазијата на Украина.

– Ве молам за мала услуга: да станете светски лидер во напорите за правда, рече таа.

„Русите, со масивни напади со ракети и дронови, се обидуваат да ги претворат деновите и ноќите на Украина во ужас, рече Зеленска. Таа додаде дека повеќе од 20 милиони Украинци останале без струја, вода и греење поради руските ракетни напади и дека Русија „користи системско насилство во многу окупирани градови и села во Украина”.

Таа рече дека биле идентификувани илјадници злосторства извршени од руските сили, вклучително и сексуално насилство.

– Најмладото девојче кое беше силувано од руските окупатори имаше четири години. Најстарата преживеана имаше 85 години. Ова се жртвите, рече Олена Зеленска, барајќи правда за нив.

„Правда не е потребна само за Украина, туку и за целиот свет, за да не се владее со сила. Ни треба правда за светот да опстане“, го заврши својот говор сопругата на украинскиот претседател. На крајот од говорот, таа доби овации од присутните пратеници.

Првата дама на Украина ја повика британската јавност во сезоната на празниците да не ја заборави „трагедијата” предизвикана од руската инвазија.

Таа рече дека Украинците ја „чувствуваат силната поддршка” како и политичката и финансиска и хуманитарната помош што ја добиваат од Британците.

Зеленска од Лондон: Не ја заборавајте трагедијата на Украина за време на празниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот