Зелените коридори ќе придонесат за поефикасни премини и помали загуби

Фото Илустрација

Чекањето на границите ги чини земјите од Западен Балкан 300 милиони евра, вели српската вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ.

Идејата за зелени коридори, произлезена од земјите членки на ЦЕФТА, Европската унија и Западен Балкан, треба да придонесе за побрзи и поефикасни премини преку границите, со оглед на тоа дека чекањето трае со часови изјави српската вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ.

– Тоа е посебен систем и режим со цел да се направи сé што е потребно на граничните премини на најбрз и најефикасен начин. Ние веќе го испробавме тоа за време на вонредната состојба -кога станува збор за меѓународниот транспорт, оцени Михајловиќ во соопштението од нејзиниот кабинет.

Михајловиќ истакна дека чекањето на границите чини многу – и време и пари.

-Секоја година на граничните премини се чека 27 милиони часови. Тоа ги чини земјите од Западен Балкан 300 милиони евра. Очекуваме брзо спроведување на оваа одлука кон Северна Македонија, Црна Гора и БиХ и исто така го покренавме прашањето за зелените коридори и со земјите од ЕУ. За еден или два месеци, можеме да очекуваме резултати, бидејќи ова прашање е важно за економијата и економскиот развој, кажа Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот