Зеленчук кој помага во хидратација на телото

зеленчук

За доволна хидратација на телото, потребно е да се внесуваат течности, особено во летниот период. Најдобра, секако, е водата.

Покрај вода, постојат и неколку зеленчуци кои исто така се составени од големи количини на течност, но и минерали и електролити.

Краставицата содржи и витамин Ц, калиум, магнезиум и натриум. Со јадење на свежа краставица на својот организам му обезбедуваме и доволна хидратација, но и внес на хранливи материи.

Доматите, кои се богати со антиоксиданси, содржат и доста растителни влакна. Благодарение на доматите, нашата кожа ќе биде поеластична, хидрирана и поотпорна на УВ-зрачења.

Тиквичките, всушност се 95% вода, воопшто не се калорични, диетални се, а исто така се и одличен извор на витамините А и Ц и на фолна киселина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот