Зелената транзиција е меѓу клучните приоритети на МЗШВ, вели Николовски

Љупчо Николовски, министер за земјоделство/Фото: МИА

Зелената транзиција е еден од клучните приоритети на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ), покрај другите реформи кои ги спроведуваме и верувам дека заеднички со одговорните компании и институциите ќе придонесеме да ја менуваме свеста, да се однесуваме одговорно и да имаме што повеќе и подобри вакви успешни примери, изјави ресорниот министер Љупчо Николовски при денешната акција за пошумување под мотото „Пошумуваме заедно за позелено утре” во скопско Миладиновци.

Акцијата е организирана од компанијата „ДМ Дрогерие Маркт”, со поддршка од Национални шуми, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем”. Преку 300 луѓе се приклучија на акцијата, а на 10 хектари во Миладиновци се засадија преку 27 илјади садници.

Министерот Николовски најави дека следната година ќе го дуплираат буџетот, ќе ја зголемат Програмата за проширена репродукција и верува оти ќе ги мотивираат сите субјекти на ваков одговорен пристап.

– МЗШВ и институциите максимално се посветени и даваат целокупна поддршка на целиoт овој процес. Денеска асистираме со „Национални шуми” во целата оваа убава акција меѓутоа и преку нашите програми засилено работиме на што повеќе површини хектари да бидат пошумени и онака како што треба, професионално и стручно. Затоа овие денови бевме во Петровец, во Велес, поголеми акции преку Програмата за проширена репродукција на МЗШВ заедно со „Национални шуми”. Продолжуваме на 3-ти следната сабота на 50 хектари во кривопаланечко и Ранковце, во Кочани, во скопско, рече министерот Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот