„Зелена лупа“: Поради дамките на оние што го „чистат“ судството, не очекуваме успешен процес

Луѓето што ја спроведуваат чистката не влеваат доверба дека процесот ќе биде успешен, велат од невладината организација „Зелена лупа“ која ги следи случувањата во правосудниот систем, прашани за текот на т.н. филтрација. Извршниот директор на организацијата, Васко Тодоровски, за „Слободен печат“ оценува дека недостасува брзина и ефикасност во процесот.

-Со оглед на тоа што методологијата ја изготвуваа членови на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, најпрвин требаше токму на тие членови да бидат направени ревизии за нивното досегашно работење. Во Судскиот совет постојат членови против кои се поднесени иницијативи за нестручно работење. Ист е случајот и со обвинителите, каде дел од нив беа вклучени во методологијата, а има сомнежи дека извршиле злодела, односно испратиле невини луѓе во затвор, без никакви докази. Таквите луѓе не ми влеваат доверба дека ќе биде успешен процесот, изјави Тодоровски.

Тој нагласи дека до „Зелена лупа“ стигнале поплаки од подносители на претставки до Обвинителството, кои по четири и пет години седат во фиока, додавајќи дека наскоро ќе започнат со објавување на сите претставки што немаат одговор, со што ќе бидат објавени и имињата на обвинителите кои не постапувале.

-Ние немаме одговор ниту на досега поднесените претставки до Судски совет. Таму има над сто предмети, но кога ќе дочекаме исход? Нас ни треба брзина и ефикасност, а во меѓувреме е отежната постапката за поднесување иницијативи, смета Тодоровски.

ВИДЕО | Судијката Неделкова за Утрински брифинг: Јас сум голем трофеј – некој не сака да ме види во судскиот систем

Здравев: Се очекуваат опструкции, но ќе ги заштитиме професионалните судии

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот