„Зелен хуман град“ повикува на протест во Аеродром: Нема да дозволиме уништување на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот

Фото: Фејсбук, „Зелен хуман град“

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ ги повикуваат сите граѓани „кои не сакаат да живеат во бетонски град“ на протест денес во 10 часот спроти ОУ Љубен Лапе до Воениот базен во Општина Аеродром, под мотото „Во одбрана на дрвјата во Аеродром“.

– Во Општина Аеродром е планирано проширување на ул. Васко Карангелески, а со тоа и сечење на голем број дрвја што таму постојат со децении. Наместо да го заштитиме зеленилото во најзагадената скопска општина, локалната власт продолжува со зголемување на автоцентричноста на населбата и намалување на зеленилото што е премногу потребно таму, велат од „Зелен хуман град“.

Како што информираат оттаму, кај обележаните дрвја за сечење кај ул. Васко Карангелески стигнала механизација, а од денес ќе се проширува и самата улица. „Нема да дозволиме уништување на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот“, децидни се тие.

– Локалната власт во заминување ветуваше зелени површини, а наместо тоа донесе уште поголема бетонизација и сечење дрвја. За да биде лицемерието поголемо, новиот кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ кажува дека ќе се грижел за зеленилото, за зеленило што ќе го исече неговата партија ли ќе се грижи?, прашуваат од иницијативата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот