„Зелен хуман град“ подготвува пасош на Скопје

„Зелен хуман град“ најави дека започнува со изработка на „пасош” на Скопје со кој на многу едноставен начин визуелно ќе се прикаже кои делови од градот се квалитетно урбанизирани, а кои не се.

-Во кои делови има консолидирани соседства каде што се обезбедени сите неопходни пратечки јавни содржини (градинка, училиште, амбуланта, детско игралиште, спортски терен, парк за миленици, објекти од областа на културата, урбани градини, биокомпостара, пазар, итн.), а каде воопшто не е инвестирано и кои наши сограѓани живеат, учат, работат во супстандардни услови. Во процесот на создавање пасош за Скопје ги вклучуваме граѓаните кои ќе учествуваат во собирањето податоци и во креирањето на визијата за нашиот град преку алатката МојГрад – велат од „Зелен хуман град“

Оттаму тврдат дека ќе инсистираат со новиот ГУП да се направи „договор за користење на просторот” со сите скопјани, за да се спречи урбанистичката мафија во незаситното градење и загрозувањето на правото на сонце, чист воздух, зелени јавни простори и пристапна и достапна инфраструктура за сите нас.

„Зелен хуман град“ иницираше процес „Нов ГУП за зелено и хумано Скопје”, во кој се вклучија експерти од институциите, академијата, претприемништвото и граѓанскиот сектор. Минатата недела се одржа дводневна работилница насловена „Нов ГУП: Планска програма за зелено и хумано Скопје” во која можеше да се учествува и физички и онлајн и на која  беа споделени најдобри практики за одржливо планирање на еден град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот