„Зелен хуман град“ почнува со собирањето потписи за нивните листи на претстојните локални избори

Горјан Јовановски и Драгана Велковска / Фото: „Зелен хуман град“

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ од денеска официјално го почнува процесот за собирање потписи за нивната независна листа за претстојните локални избори.

– Новина е тоа што освен за советничката листа за Град Скопје, ќе собираме потписи и за кандидат за градоначалник чиешто име ќе го откриеме на денешната прес-конференција. Се работи за професионалец со висок интегритет кој долги години е активен на македонската политичка сцена и чиишто принципи и работна етика целосно се поклопуваат со целите и заложбите на Зелен хуман град, велат од Граѓанската иницијатива и додаваат дека потписи ќе се собираат во сите подрачни одделенија на ДИК на територија на Град Скопје, но и кај нотари во Општините Центар, Карпош и Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот