Зелен Хуман Град: На наш набљудувач не му дозволија да влезе на избирачко место

Локални избори во Северна Македонија / 16 октомври 2021 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Од независната листа ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД се жалат дека на нивен набљудувач не му бил дозволен влез на избирачко место број 2600 во основното училиште Војдан Чернодрински.

Според Горјан Јовановски, претставник на граѓанската иницијатива која на локалните избори истакна своја кандидатска листа за членови на Совет на Град Скопје, како и своја кандидатка за градоначалничка на Скопје, Ана Петровска, Претседателката на избирачкиот одбор под кој влегува изборното место 2600 барала од овластениот претставник писмено овластување дека е навистина нивен набљудувач, што не е во склад со Изборниот законик.

Дури и откако Општинската изборна комисија констатирала дека е незаконски и дека комисиите се соодветно информирани со испраќањето на листата со податоци односно официјално овластување заверена со потпис и печат од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Претседателката продолжува да одбива да го легитимира и да го внесе во записникот овластениот претставник на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД кој уредно е заведен во документите на ДИК.

На крајот, од граѓанската иницијатива на претседателката на комисијата и доставиле овластување и потоа на претставникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД му било овозможено да влезе и да присуствува на пребројувањето на гласовите.

ДИК може да поништи гласање каде што комисиите сами решиле да се гласа без фингерпринт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот