Зелен хуман град бара Град Скопје навремено да ги објавува решенијата за интервенција врз зеленило

Фото: Зелен Хуман Град

Активистите на Граѓанска иницијатива Зелен хуман град бараат од надлежните во Град Скопје, навремено и транспарентно, јавно да ги објавуваат решенијата за интервенција на зеленилото, на целата територија на главниот град.

– Од ЗХГ веќе цела година инсистираме дека за секоја интервенција врз зеленило (а не само за садење) мора јавноста не само да се информира, туку да ѝ се даде доволно време да реагира и да ги обжали решенијата за отстранување зеленило кои ги смета за неосновани. Самата правна поука на крајот од секое решение за интервенција врз зеленило дава 15 дена рок за поднесување жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како може да се жали некој што не е информиран – прашуваат од граѓанската иницијатива.

Оттаму велат и дека, тие како екологисти во континуитет бараат буџетски средства за како што велат да се алоцираат за доработка и активирање на Зелениот катастар во Скопје, преку кој ќе може да се следи здравјето на севкупното зеленило во градот.

– Со таква платформа, изговорите за болни/суви дрвја ќе бидат многу лесно разобличувани. Доколку оваа практика на сечење, кастрење и преместување дрвја во градот без граѓаните да се инволвирани продолжи, ЗХГ најавува радикализација на напорите за заштита на нашето зеленило, колку и малку да остана од него – стои во објавата на Зелен хуман град.

Од иницијативата објаснуваат дека, како што велат повеќе нивни членовиво изминатиот период биле контактирани од жители во зградите во близина на ТЦ „Мавровка“ дека ЈП „Паркови и зеленило“ со обемна механизација кастреле и отстранувале повеќедецениски дрвја.

– Според сателитски слики направени оваа година, дрвјата изгледаат здрави и зелени, малку од зеленилото останато околу ТЦ „Мавровка“. Штом ги добивме дојавите за случајот се обративме до Град Скопје и поднесовме барање да ни се достави целокупната документација за предметот – почнувајќи од поднесеното барање завршувајќи со решението за кастрењето и преместувањето. Се обративме до Општина Чаир и побаравме да ни го достави важечкиот ДУП за да видиме каква е намената на конкретната парцела 8891/16 и дали нејзиното поплочување е законско – информираат од Зелен хуман град.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот