Зеќири: Не сите земји страдаат од кризата исто како нас

Дурим Зеќири/ Фото: МИА

Според Дурим Зеќири, управител на Стопанската комора на северна Македонија, ограничувањето од 5 отсто на големо, а на 10 отсто на мало, требало да се постигне во поадекватно време.

Со тоа, како што вели во „Економски магазин“ на Алсат, ќе се избегеле подлабоки неволји како кризата со нафтените деривати. Зеќири оценува дека власта во овој случај не водела сметка за севкупниот економски аспект, туку фокусот бил централизиран само во овој момент каде што се претпоставува дека ќе бидат заштитени интересите на граѓаните или куповната моќ на државата.

„Ова не држи вода, затоа што сме убедени дека ако се оштетат трговските друштва кои се на број над 22.000 фирми, тогаш се нарушуваат работните места во тие фирми, што на крајот повторно трпи обичниот граѓанин, како вработен во овие субјекти. Не се согласуваме со тоа што трговските компании го користат на грбот на граѓаните и производителите. Овде сум убеден дека микро и малите производствени компании ќе настрадаат многу од ова бидејќи трговските компании ќе најдат други алтернативи, од земјите околу и од регионот. Не сите земји страдаат од кризата исто како нас, па не сите земји имаат толку проблеми во производството и производството во друга земја може да биде поевтино отколку кај нас. Целта треба да биде да се заштити интересот на локалните производители затоа што имаме малку, а имаме не многу поволен извоз“, изјави Зеќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот