Мухамед Зекири / СП. архива

Зекири: ВМРО-ДПМНЕ како по обичај се истрча на лажна вест, Рама ги отвора границите за сите граѓани

Веста денеска  ја соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамки на олеснувањето на мерките против ширењето на пандемијата на ковид-19.

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил објави дека наводната одлука на премиерот на Албанија, Еди Рама, за отворање на границите само за Албанците во соседните земји, кои имаат албански, косовски, македонски или црногорски пасош, е лажна.

„Веста дека Албанија од 1 јуни ја отвара границата со Северна Македонија само за Алабанците од нашата земја е ЛАЖНА. Границата ќе се отвори за сите граѓани од нашата земја! П.С ВМРО како по обичај се истрчува со реакција на fake news…“, напиша тој.

Веста денеска  ја соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамки на олеснувањето на мерките против ширењето на пандемијата на ковид-19.

– Подготвени сме да ги отвориме копнените граници, но мора да добиеме одобрение од земјите со кои имаме директни врски за воздушен сообраќај. Ако не се согласиме, тие нема да бидат отворени. Шенген е затворен до 15 јуни и летовите меѓу државите во моментот се прекинати. Вирусот не замина, тој е меѓу нас. И опасноста од нов бран е реална. Почнувајќи од понеделник, 1 јуни, ќе ги отвориме копнените граници со соседите, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, но граѓаните ги повикуваме да бидат внимателни – истакна Рама.

ВМРО-ДПМНЕ во реакција обвини дека Рама му удрил шамар на Заев и Спасовски со тоа што ги отворил границите само за Албанците од Косово, Црна Гора и земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот