Зекири: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе подолго време заедно се координираат

Мухамед Зекири / СП. архива

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска во Собранието поднесоа речиси 6.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик.

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, изјавил дека двете партии се координират веќе извесен период.

Тој додаде дека партијата на Ахмети и на Мицкоски се плашат од промена на Изборниот модел, и затоа решиле преку амандманите да ја блокираат работата на Собранието.

– Координацијата меѓу ВМРО и ДУИ трае веќе подолго време. За ова сум предупредил и порано, додека ова денес е само потврда дека тие имаат агенда која е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ, отколку со нас, иако заедно сме во власт – рекол Зекири.

– Јас не сфаќам кој е стравот на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во Македонија да има само една изборна единица. Второ, не сфаќам зошто се против на листите 50% да бидат жени и трето зошто се против да има отворени листи – изјави Зекири за Лајм.

Според него ова покажува дека тие немаат кадри, не се спремни и имаат страв да им овозможат на граѓаните да гласаат за конкретни имиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот