Зекири: Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице

Мухамед Зекири / СП. архива

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, по вчерашните случувања во Собранието, Мухамед Зекири порача дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја обновиле нивната криминална коалиција.

-Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ. ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови. СРАМОТА!-  напиша Зекири во неговата реакција на социјалните мрежи.

Реакцијата на пратеникот доаѓа откако доцна синоќа по само 15 минути од почетокот на собраниската седница за законот за ЈО и за измените на Законот за Советот на јавни обвинители, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина и продолжението го закажа за утре во 11 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот