Зекири: СДСМ не треба да продолжи да му помага на ДУИ – Слободен печат
ВестиМакедонија

Зекири: СДСМ не треба да продолжи да му помага на ДУИ

Потпреседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Македонија, Мухамед Зекири, во интервју за „Телеграфи“ зборуваше за политичките случувања во Македонија како и правата на Албанците.

Тој беше запрашан и за односите помеѓу СДСМ и ДУИ, и кажа дека партијата што тој ја претставува повеќе не треба да ѝ помага на ДУИ.

– Албанците кои што гласале за СДСМ, гласале и за да ги казнат ДУИ. Во 2016-та албанските гласови за СДСМ беа против режимот на ВМРО и ДУИ. Мислам дека во електоратот многу не има оштетено коалицирањето со ДУИ, особено на локалните избори и при нашиот заеднички настап. Најмалку четри големи општини ДУИ ги има добиено од гласовите на СДСМ – изјави Зекири.

Помошта на СДСМ за ДУИ, Зекири ја нарече огромна грешка, додавајќи дека крајно време е да се престане со неа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close