Зекири реагираше по немилиот настан на Алиоски во Прилеп: Засрамете се!

Мухамед Зекири / СП. архива

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири се огласи на Фејсбук по повод немилиот настан во Прилеп каде репрезентативецот Алиоски беше избркан од ресторан бидејќи зборувал на албански јазик.

„Срамота е најблагиот збор кој може да се каже по оној СКАНДАЛ што му се случил во Прилеп на нашиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски кој родум е од прилепско Црнилиште и кој на најдостоинствен можен начин ја претставува нашата земја во светот….

Популарниот Џани на кој му се поклонуваат во Англија каде ги брани боите на Лидс, замислете само затоа што зборел на својот мајчин албански јазик со своите родители, не му било дозволено да руча во својот роден град…
Има ли поголема СРАМОТА од ова???!!!
На секој натпревар за репрезентацијата гине на терен – и тоа зборува колку голем ЧОВЕК е ЕЗЏАН АЛИОВСКИ, а колку мали и НЕЛУЃЕ се оние кои денеска му го приредија скандалот во Прилеп!!!
Езџан и не само тој многу повеќе ја сакаат својата родна земја отколку ваквите квази патриотчиња и квази тврдокорни националисти. ЗАСРАМЕТЕ СЕ!!!!, напиша Мухамед Зекири на Фејсбук.

Мухамед Зекири

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот