Зеќири: Прашањето за границите ќе се затвори кога сите земји од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ

Фото: Фејсбук

Република Северна Македонија е членка на НАТО и нејзиниот територијален интегритет и стабилноста на земјата е забетонирана еднаш, засекогаш. Тоа е придобивката од нашето членство во НАТО Алијансата, и за нашата територијална безбедност, и нашиот територијален интегритет не се грижиме само ние туку сите членки на НАТО.

Ова го истакна генералниот секретар на Владата и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24, одговарајќи на прашање во врска со нон-пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша, за кој Владата на Република Северна Македонија нема официјална информација дека постои.

– Ваквите теми на Балканот неретко се отвораат, поради отворените прашања со Босна и Косово, рече Зекири, додавајќи дека официјална Љубљана секогаш официјално е за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ.

– Прашањето за границите ќе биде затворено еднаш засекогаш кога сите земји и од Западен Балкан ќе станат членка на ЕУ, и тогаш нема да бидат потребни границите. Но, повторно ќе кажам дека официјално тоа што е битно за нас како земја е дека сме членка на НАТО и тоа е најголемата придобивка, истакна генералниот секретар на Владата и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири, во емисијата „24 анализа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот