Зеќири: Отворени сме за предизборна коалиција со албански партии

Околу стратегијата на СДСМ во однос на пост изборните коалиции Зеќири вели дека концептот едно општество го препознаваат сите албански политички партии.

„Не доаѓа во предвид предизборно коалицирање со ДУИ, но за останатите партии сме отворени и можно е да имаме предизборна коалиција и со некоја албанска партија“, вели Зеќири во Утрински Брифинг на „Слободна ТВ“.

Тој додава дека владиното мнозинство го прават бројките.

„Принципот победник со победник е завршена приказна после 2016. ДУИ како ќе помине на овие избори ќе решат граѓаните“, рече Зеќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот