Зекири: Не ми е јасно зошто опозицијата бега од свикување на Собранието

Пратеникот на СДСМ посочува дека од тоа како ќе се развива заразата ќе зависи и одржувањето на изборите.

Ќе го почекаме Талат Џафери официјално да се изјасни за нашата иницијатива за свикување на Парламентот, па ќе ги разгледаме останатите опции што ни стојат на располагање, вели пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири во интервју за 24 вести.

Зекири истакна дека собраните 35 потписи се сосема доволни, бидејќи Деволникот за ваква иницијатива бара минимум 20 потписи. Според него, Уставот предвидува дека во воена или вонредна состојба парламентот може да се свика.

-Не ми е јасно зошто опозицијата бега од свикување на Собранието. Ако е точно, како што обвинуваат, дека власта практикува некакво самоволие, како ВМРО-ДПМНЕ да не е дел од власта, тогаш зошто не сака да се активира собранието? Во однос на ДУИ, би прашал кога се во право – сега или во 2016 година, кога неколку пати се враќаа во Парламентот – рече Зекири.

Тој додаде дека СДСМ моментално не размислува на избори, туку, како што вели, партијата е целосно концентрирана на ситуацијата со Ковид 19. Пратеникот на СДСМ посочува дека од тоа како ќе се развива заразата ќе зависи и одржувањето на изборите. Сепак, наведува дека владината уредба предвидува дека прекинатите изборни рокови продолжуваат по завршувањето на вонредната состојба.

Видео на денот