Зеќири-Галовеј: Континуирана британска поддршка на процесот на реформите во јавната администрација и за интензивна стопанска соработка

Континуираната британска поддршка за процесот на реформи на јавната администарција во земјава и интензивирање на стопанската соработка меѓу двете земји беа меѓу темите на разговор на денешната средба на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, Мухамед Зеќири со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј. Галовеј честитајќи му ја новата функција изразила подготвеност за продолжување на соработката со уште поголема динамика.

Како што соопштија од прес-службата на Владата, на средбата беа истакнати придобивките од традиционално пријателските и одлични билатерални односи на Обединетото Кралство и Северна Македонија, при што беше констатирана безрезервната поддршка по однос на актуелните реформи за поефикасна јавна администрација и беше изразена подготвеност за користење на британските искуства и решенија со цел подобрување на степенот на професионалност, ефективност и компетентност во работењето на администрацијата.

– Генералниот секретар Зеќири ја истакна важноста од спроведувањето на демократските реформи на јавната администрација, нагласувајќи дека Генералниот секретаријат и Владата продолжуваат во насока на создавање на ефикасна, стручна, отчетна и транспарентна администрација, која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот, се наведува во соопштението.

На средбата, се додава, се разговараше и за преземените мерки од страна на Владата, за намалување на последиците од здравствено-економската криза и беше изразена поддршка за пакетот мерки кои се преземаат за помош на компаниите и одредени категории загрозени граѓани.

Од страна на амбасадорката Галовеј, се наведува, беше изразена подготвеност и отвореност за поддршка за помош при воспоставување контакти за поинтензивни разговори при обезбедувањето на вакцини за граѓаните на Република Северна Македонија.

На средбата, позитивно беше оценета стопанската соработка меѓу двете земји, при што беше изразена надеж за интензивирање на добрата соработка во однос на обезбедување уште поголем број странски инвестиции, стои во соопштението од владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот