Зек Браун: Формула 1 може да преживее без Ферари!

фото: твитер

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, го осуди ставот на Ферари околу кратењето на буџетот, односно истиот не сака да оди под 145 милиони долари.

Шефот на Ферари, Матија Биното, во интервјуто за британскиот „Гардијан“ во четвртокот, истакна дека Ферари (поради пандемијата на коронавирусот) нема да прифати понатамошни намалувања на буџетот и рече дека италијанскиот тим „не сака да бара други опции за да ја изрази својата ДНК на трките“.

Извршниот директор на Мекларен верува дека Формула 1 ќе го преживее потенцијалното заминување на Ферари, доколку навистина избере да направи таков потег, доколку не им се допаѓаат одредени промени.

Зек Браун, го осуди ставот на Ферари околу кратењето на буџетот, односно истиот не сака да оди под 145 милиони долари. Според него многу поголем проблем би била загубата на неколку помали тимови..

Не би сакал Ферари да го напушти спортот, не би сакал никој да излегува од Ф1. Но, мислам дека Формула 1 може да преживее со 18 болиди на патеката и има други производители на мотори кои можат да ги покријат тимовите што во моментот ги снабдуваат – рече Браун.

Доколку буџетскиот лимит е превисок, а поради тоа, оние кои од своите џебови инвестираат во Формула 1 бидат принудени да заминат, тој не мисли дека Ф1 би преживеал со 14 болиди.

16 се на граница, со 18 може. Мислам дека Формула 1 би преживеала без нив (Ферари), но посакувам да останат. Мислам дека спортот е многу подобар со нив отколку без нив – додаде Браун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот