Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ
Европската унија мора да има чисто научен пристап кон одобрувањето на руската вакцина „Спутник V”, изјави денеска баварскиот премиер Маркус Зедер, зборувајќи во регионалниот парламент.
– Се појавија две нови вакцини, што во моментов се подложени на процедура за скрининг, изјави Зедер, додавајќи дека мисли на вакцините „Спутник V” и „Џонсон и Џонсон”, јави Тасс.
Зедер истакна дека безбедноста на вакцините е најважниот аспект од постапката и дека ЕУ мора да ја забрза вакцинацијата.
Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека покренала постапка за експертиза на вакцината „Спутник V”.
Специјалисти ќе треба да утврдат дали вакцината е во согласност со стандардите на ЕУ во однос на ефикасноста, безбедноста и квалитетот.