Зечевиќ: Следува избор на раководства на општинските организации на СДСМ

Фото: СДСМ

Новоизбраниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, попладнево одржа работен состанок со претседатели и секретари на Општинските организации на СДСМ, на кој го претстави планот за избор на нови претседатели и раководства на општинските организации и градската организација на СДСМ во Скопје преку „широк инклузивен процес, во консултација со членството и месните организации на партијата“.

„Да се чуе гласот на секој член и заедно да ги избереме вистинските кандидати за претседател во секоја општинска организација на партијата. Преку еден инклузивен процес кој ќе трае неколку месеци и кој ќе има два циклуси на консултации со месните организации. Да им дадеме шанса на месните одбори да се изјаснат, да дадат свои предлози за кандидати за претседател, а секако дека останува и процесот на самокандидирање а изборот ќе се врши согласно Статутот. Вториот циклус на консултации ќе продолжи по назначувањето на претседател на општинската организација, за номирањето на предлози за членови за Изврешен одбор, односно раководство на општинската организација. Секој поединец, социјалдемократ, од било кое време, да биде вклучен, да даде придонес. Да го сплотиме целиот наш човечки потенцијал, да ги избереме висинските луѓе“ рече Зечевиќ.

„Првиот човек на нашата општинска организација мора да биде со силен личен интегритет, почитуван во средината и во поширокото членство, посветен на интересот на граѓаните и државата. Тој човек сам по себе треба да биде промената што треба да ја воведе во општинската организација, да интегрира и да обединува“, додаде тој.

Постапката за избор на претседатели на општински организации на СДСМ почнува од утре, 12 јануари, со објава на јавен оглас, роковник и правилник за постапката на официјалната страница на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот