Зечевиќ, Николовски и Митрески во работната група на СДСМ за влегувањето на АА во власта

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ/Фото: СДСМ

Продолжуваат разговорите со Алијансата за Албанците за влез во владината коалиција, а Извршниот одбор на СДСМ одлучи да формира работна група за продолжување на разговорите со партијата на Арбен Таравари, изјави вечерва портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска по седницата на ИО на СДСМ.

Членови на работната група се Миле Зечевиќ, генерален секретар на партијата, членот на ЦО Љупчо Николовски и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Кузеска вели дека постои голема можност за влез на АА во Владата со цел европска иднина на земјата, забрзан економски развој, како и поголема ефикасност во Собранието.

„Нашата одговорност пред граѓаните е да ја обезбедуваме иднината на државата, економскиот стандард, подобар живот за сегашните и идните генерации. Оттука, соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата, особено во однос на: унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, забрзан економски развој и напредок на државата, зголемување на ефикасноста на Собранието со цел побрзо носење на одлуки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, справување со енергетската и економската криза, реформските закони од ЕУ агендата. Поголема поддршка на стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи. Зголемување на парламентарното мнозинство. Чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ со сите реформи, чекори и потребни одлуки. Јасна диференцијација од двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, рече Кузеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот