Зечевиќ го честита празникот: Новите почетоци носат и нова надеж

Миле Зечевиќ/Фото: Слободен печат

Генералниот секретар Миле Зечевиќ денеска присуствуваше на церемонијата на фрлање на светиот крст во Охридското езеро по повод големиот христијански празник Богојавление Водици.

Генералниот секретар Зечевиќ на верниците од православна вероисповест им го честиташе празникот со желби за добро здравје, спокој и благосостојба.

,,На сите граѓани, православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици. Им посакувам добро здравје, пред се, спокој и благосостојба. Симболиката на денешниот празник е духовното раѓање и верба во новите почетоци на човековото живеење. Како новите почетоци што раѓаат нова надеж, посакувам и очекувам меѓусебно почитување и помагање, да дојдеме до помирување на секое ниво“ вели тој.

Тој вели дека треба да се обединиме за да продолжиме напред кон подобро, но и да го заштитиме наште достоинство, нашата самобитност, нашата иднина.

„Бог се јави, за многу години Водици!” истакна Зечевиќ во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот