„Зебри“ на тронот: Кил е новиот европски шампион!

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Вечерва во големото финале на Фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020 екипата на Кил триумфираше со 33:28 (19:16) против Барселона.

Иако пред мечот Барса можеби ја имаше фаворитската улога, на крајот популарните „зебри“ повторно се искачија на тронот за првпат после осум години.

Кил силно стартуваше од првата минута, на играчите на Барселона им дозволија да поведат само еднаш во целото прво полувреме и тоа при резултат 3:2. Имаа константно два гола предност и потоа после 15 минути игра имаа големи „плус четири“ откако водеа со 13:9.

Барса додаде „гас“ и со серија од 3:0 дојде на еден погодок негатива, а пред паузата успеа и да израмни на 15:15. Но, германската екипа одигра одлично во последните три минути и со серија од 4:1 доаѓа до 19:16.

Потоа, во првите 10 минути од вториот дел Кил повторно имаше „плус четири“. Ја одржуваше таа позитива која порасна и на „плус пет“ на 15 минути до крајот на средбата, но имаше уште многу да се игра, и против тим каков што е Барселона, нема никогаш опуштање.

Бундеслигашките гиганти ја задржаа концентрацијата, не дозволија нова неизвесност и дојдоа до посакуваниот триумф. За Германците ова е вкупно четврта титула во својата историја, а Каталонците остануваат на девет трофеи во елитното натпреварување.

На денешниот дуел во „Ланксес Арената“ во Келн во победничките редови доминираа Никлас Екберг со осум голови и Сандер Сагосен кој запиша седум.

На спротивната страна 10 погодоци забележа Алеиш Абељо Гомез, а по четири имаа Аитор Бенгоечеа Арињо и Дика Мем. Претходно во борбата за третото место славеше составот на ПСЖ кој беше подобар од Веспрем со 31:26 (14:11).

ЛШ: Бронзата за Раул, Манасков и Веспрем последни во Келн!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот