Здруженијата во Хрватска предупредуваат: Во болниците недостасуваат 4.500 медицински сестри и техничари

Хрватска ковид/ Фото EPA-EFE/ANTONIO BAT

Повеќе од 20 000 медицински сестри и техничари работат во болници, но според сегашните систематизации, уште 4500 треба да бидат вработени додека не се полни капацитетот, соопшти денеска Хрватската комора на медицински сестри и Хрватскиот синдикат на медицински сестри и техничари.

Недостатокот е најизразен во големите болнички состави, клиничките болнички центри и клинички болници, додека недостатокот на медицински сестри и техничари во општите и окружните болници се движи помеѓу 10 и 35 проценти, се вели во изјавата на нивните претставници по неодамнешната средба со министерот за здравство Вилијам Берош.

Бројките не се од вчера

-Овие бројки не се од вчера, туку се акумулираат со текот на годините. Добар знак е дека сега започнавме да го решаваме проблемот. Му предложивме на министерот Берош да се формира работна група за да се решеи проблемот со недостаток на медицински сестри и техничари и веднаш да започнат со работа- рече претседателот на Комората Марио Газиќ, кој на состанокот беше придружуван од претседателката на синдикатот Аница Пражњак.

Комората и Синдикатот предупредија и на потребата од измена на Уредбата за звања на работни места и коефициенти на сложеност на работните места во јавните услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот