Здружението на српски туристички агенции: Околу 200 агенции престанаа да работат заради пандемијата

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Здружението на туристички агенции на Србија предупреди денеска дека заради кризата предизвикана од пандемијата престанале да работат околу 200 туристички агенции и дека тој број ќе се зголемува бидејќи министерството за финансии одбива да им помогне иако се меѓу бизнисите кои бележат најголеми загуби.

Од здружението потсетиле дека замената на патувањата и враќањето на парите на патниците зависи од опстанокот на агенциите и дека затоа е уште поважно туристичките агенции да добијат бесповратни средства за да ги зачуваат бизнисите.

„Не разбираме зошто државата избегнува да помогне на оние кои бележат загуби поголеми од 90 отсто, а од кои зависи враќањето на пари на граѓаните на Србија кои уплатија патувања пред почетокот на кризата“, се наведува во соопштението од Здружението.

Според податоците на Агенцијата за деловни регистри, од 15 март 2020 година се избришани 94 агенции, од кои 20 организатори за патување, додека со работа престанале 105 деловни субјекти, меѓу кои 10 организатори на патувања.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот