Здружението на џез-музичари ќе одржи авторски концерт на Илија Пејовски

Новата концертна сезона на ЗЏМ Биг-бенд оркестарот ќе биде отворена на 12 јуни со концерт во македонската филхармонија на кој премиерно ќе бидат изведени авторски дела од џез-великанот, професор, диригент, пијанист и композитор, Илија Пејовски. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин.

Илија Пејовски на проба за концертот / Фотографија: Татјана Ранташа

Илија Пејовски е една од најзначајните фигури во македонската џез музика. Во текот на својата плодна музичка кариера Пејовски бил дел од повеќе музички состави, меѓу кои „Комбо“, „Скопско џез-трио“, „Диксиленд состав“, Биг-бенд при КУД „Мирче Ацев“, Дувачки квинтет при Работничкиот дом во Скопје, Комбо состав при Домот на градежните работници во Скопје (раководен од Драган Ѓаконовски Шпато), ансамблот „АБЦД“, Биг-бенд на Македонската радиотелевизија и други.

Најголем дел од својот работен век го минал во Македонската радиотелевизија, подолг период како диригент, а во еден мандат и како главен и одговорен уредник на Музичката продукција на МРТ. Пејовски е автор на повеќе од осумдесет оригинални композиции, како и на над 400 аранжмани за Биг-бенд и Симфониски оркестар, четири играни и повеќе документарни филмови. Автор е и на особено значајната теориска книга „Хармонски основи на џезот“, која е преведена и на англиски јазик.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 84, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот