Здружението Е.Д.Е.Н. во соработка со „Веган 365 Кујна“ ќе подели 500 вегански оброци на загрозени категории граѓани

Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. во соработка со „Веган 365 Кујна“ до крајот на месецот и во јуни ќе подели вкупно 500 вегански оброци на загрозени категории на граѓани на територија на Град Скопје, информираат од Е.Д.Е.Н. Оваа акција е во рамки на проектот „Промени ја исхраната, промени го светот“, поддржан со ад хок грант од програмата „Цивика мобилитас“.

-Целта е да се намалат последиците предизвикани од Ковид-19 кризата, така што ќе се задоволат дел од основните човекови потреби кај социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани, особено кај семејствата каде што или еден или повеќе од членовите изгубиле работа. Е.Д.Е.Н. ќе дели балансирани и хранливи вегански оброци изработени со љубов и посветеност од целосно природни и здрави состојки. Свесни сме дека храната е еден од најважните фактори кои влијаат врз човековото здравје, но и врз животната средина и врз животните, затоа Е.Д.Е.Н. цели кон редуцирање на антропогениот притисок врз животната средина и животните предизвикан од исхраната со животински продукти, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина.

Велковска информира дека акцијата за донирање 500 вегански оброци ја започнуваат во соработка со „Една може“ и ќе бидат доделени вегански оброци на самохрани мајки и еднородителски семејства.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот