Здружение од Штип ќе анализара колку жени биле жртви на мобинг во приватниот и јавниот сектор

Здружението за еднакви права и можности „Жените во економијата” од Штип ќе прави анализа колку жени биле жртви на мобинг во приватниот и јавниот сектор.

Координаторката на проектот, Лилјана Варадиновска вели дека целта им е преку позитивни примери кои добиле судска разрешница да ги охрабрат жртвите. Засега нема прецизна статистика колку жени биле жртви на мобинг, бидејќи не само што тешко се докажува, туку и поради притисоците ретко, кој се осмелува да го пријави.

– Првиот аспект е утврдување на бројот на жени од источниот регион, кои биле блиску до мобинг или биле жртви на мобинг. Проектот е со наслов „Биди храбра говори гласно”. Вториот аспект е односот на институциите кон мобингот и позитивните пресуди за жртвите од страна на судската власт, паралелно со ова ќе дебатираме и со сите инволвирани институции и граѓани- вели Варадиновска.

Вишна Шорова-Ангеловска забележа дека здружението за еднакви права и можности „Жени во економијата” и преку теренски анкети ќе ги мотивира жените да пријават вознемирување на работно место. Таа истакна дека во овој случај нема да издаваат брошури, туку преку теренски активности и дебати со жените ќе ги мотивираат да пријават мобинг.

Според анализите, мобинг има и во јавниот и приватниот сектор. Во јавниот, мобингот најчесто се врши поради партиска припадност. Во приватниот, според Синдикатите, бројот на жртви на мобинг е поголем, но и потешко се докажува. До невладините организации во првата половина од годината стигнале десетина пријави, но на судска разврска се одлучила само една од странките.

Проектот е поддржан од Фондацијата отворено општество, а здружението ќе истражува и работи на територија на источниот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот