Здружение на правници Роми ги поздравува преземените мерки на МВР во врска со претепаното дете во Кочани

Здружението на правници Роми од Скопје ги поздравува преземените мерки од страна на МВР во врска со претепаниот малолетник од ромска националност во Кочани.

Министерството за внатрешни работи во врска со снимениот материјал кој беше споделуван на социјалните мрежи и на кој јасно се гледа како непознати лица нанесуваат физички повреди врз малолетник од ромска националност, идентификувал вкупно девет лица – три лица се приведени, а со 20 лица е извршен службен разговор.

Исто така, ОВР Кочани во координација со ОЈО Кочани по целосно расчистување и документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете”.

Настанот беше документиран и од страна на Здружение на правници Роми од Скопје кои извршија разговор со биолошките родители на детето во Шуто Оризари, учествуваа при распид на жртвата во Центарот за социјална работа и полиција и преглед за утврдување на неговата здравствена состојба по извршениот физички напад.

Во Р. Северна Македонија заштитата на децата во рамки на законот за заштита на деца се остварува преку обезбедување на права, средства и облици од страна на државата. Според кривичниот законик за матретирање и претепување на малолетник следи затворска казна од минимум 4 години, се вели во соопштението на Здружение на правници Роми.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Претепаното Ромче од Кочани низ солзи моли да го однесат кај мајка му

Здружението на правници Роми ќе поднесе кривична пријава за инцидентот во Кочани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот