Здружение на лекари по општа и семејна медицина: Предлагаме решенија, но досега не сме добиле ниту еден одговор од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство

лекари
Лекари, Фото: Илустрација/Архива

Здружението по општа и семејна медицина, во име на своите членови, се јави со протестно писмо во јавноста како одговор на информациите што беа изнесени во некои медиуми во кои се бара одговорност и вина од матичните лекари за зголемениот број на компликации и хоспитализации кај пациенти во овој период.

– Би сакале да ја информираме јавноста, а особено нашите пациенти, дека ние како Здружение на лекари по општа и семејна медицина од почетокот на пандемијата сме конструктивни во предлагање на решенија за проблемите со кои се соочуваме. Доказ за тоа се дописите до Комисијата за заразни болести и до Министерот за здравство кои се објавени на нашата веб страна, а за кои до сега не добивме ниту еден одговор .Во Комисијата за заразни болести, за жал, нема претставник на матичните лекари и со самото тоа ние сме ставени во позиција одговорно да ги спроведуваме одлуките и протоколите донесени од членовите на оваа комисија. Истата нема увид во обемот и тежината на работата на матичните доктори, се вели во реакцијата на Здружението.

Матичните лекари, се додава во писмото, „ја имаат улогата да бидат први и последни во грижата за здравјето на своите пациенти. Тие секогаш стојат во првите борбени редови, и се оние кои управуваат со последиците од непредвидените ситуации и продолжуваат да обезбедуваат грижа и третман“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот