Здравствените власти тврдат: Боки 13 добивал најдобра лекарска грижа

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извести дека по извршените проверки не констатирал проблеми или недостатоци во давањето здравствени услуги за притворениот Бојан Јовановски, обвинет во аферата „Рекет“.

Стручни лица од ДСЗИ по објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатот на Бојан Јовановски, кој обвини за лекарска негрижа, во однос на здравствена состојба на Јовановски, бил извршен вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во склоп на истражниот затвор „Скопје“, а е дел од Ј.З.У. Здравствен дом Скопје.

„Од извршениот увид во медицинската документација притворениот Ј.Б. прв пат побарал лекарска помош на 16 јули годинава е прегледан и му била дадена терапија. Од 16 јули 2019 година, па се до 13 овој месец, за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциајрно ниво (болнички здравствени установи). Упатите се давани со предходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција. Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостаоци“, се вели во соопштението на ДСЗИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот