Здравствените власти не коментираат: Мистериозно масовно тестирање во Вухан

Во овој град од 11 милиони жители, за време на викендот, се појавија нови случаи позитивни на коронавирусот.

Во градот Вухан, кој своевремено беше жариште и центарот на епидемијата со коронавирусот во Кина, ќе се спроведе десетдневно масовно тестирање на нуклеинските киселини (постојат два вида на нуклеински киселини: ДНК (деоксирибонуклеинска киселина) и РНК (рибонуклеинска киселина). на населението.

Повикувајќи се на интерен (внатрешен) документ во кој имал увид, како и тврдења на двајца добро информирани извори, „Ројтерс“ наведува дека секој градски округ добил налог до утре да поднесе детален план за тестирање во својата област.

Нема коментари од здравствените власти за овој вид тестирања, а од „Ројтерс“ потсетуваат дека, на 8 април се укинати неколкумесечните рестриктивни мерки, но во тој град сепак се појавија нови случаи позитивни на коронавирусот во текот на изминатиот  викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот