Здравствените установи во Охрид и оддадоа последна почит на почината медицинска сестра (ВИДЕО)

Со вклучени сирени и ротациски светла на амбулантните возила за итна медицинска помош на Здравствениот дом од Охрид и од Општата болница денеска вработените во здравствените установи од градот и оддадоа последна почит на првата жртва на короновирусот од нивните редови.

Медицинската сестра Дијана Димоска е првата жртва на Ковид-19 меѓу вработените во здравствените инситуции во градот. Педесетгодишната Димоска беше работно ангажирана во Интерното одделение на болницата во Охрид. Таа им подлегна на компликациите предизвикани од коронавирусот и пред два дена беше погребана на Градските гробишта во Охрид.

Кога еден губиме, губиме сите дел од нас- колешка со емотивно писмо за починатата медицинска сестра

На фејсбук профилот на Општата болница од Охрид покрај изразувањето почит кон колешката повторно потсетија на потребата од поголема свест и одговорно однесување како најефикасен начин за спречување на ширењето на вирусот и најдобар начин за справување со епидемијата.

Во чест на прерано згаснатите животи од корона вирус Ковид-19 ?

Publiée par JZU Opsta Bolnica- Ohrid sur Mardi 29 septembre 2020

Оттаму се апелира на одржување хигиена, избегнување групни собири, држење реастојание, како и здрави животни навики и повеќе физичка активност.

-Не е важно дали сте млад или стар, богат или сиромав, директор или работник. Дајте нека конечно проработи свеста кај сите нас и нека гордоста и неверувањето ги замениме со горенаведените поуки. Здравјето е најголемо богатство, потенцираат во објавата од ЈЗУ Општа болница Охрид. 

Медицинска сестра од охридската болница ја загуби битката со ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот