Здравствените работници за време на полицискиот час ќе имаат организиран превоз

Во соработка со Град Скопје ќе се организира превоз со возила на ЈСП и со други возила за лицата што имаат дозволи  и одат на работа во време на забрана за движење, пред сè, за вработените во здравствени установи и Клиничкиот центар, кои не можат сами  да се организираат додека трае полицискиот час, соопшти министерот Дамјан Манчевски.

Во сесијата прашања и одговори на тема „Ограничено движење”, министерот вечерва рече дека ќе биде објавена точна маршрута по која ќе се движат возилата што ќе ги користат вработените со дозволи за движење, а турите ќе завршуваат пред здравствените установи. Ќе бидат организирани и во други градови и притоа ќе покриваат што поголема територија.

Во однос на такси-превозот, Манчевски рече дека во Скопје се организирани дежурни такси-возила кои може да  превезуваат граѓани од нивниот дом до некоја здравствена установа во време на полициски час ако имаат потреба, и оние граѓани кои имаат дозвола за движење.

-Огранизиран е одреден број такси-возила за кои секојдневно Град Скопе ги доставува информациите до Министерството за внатрешни работи, така што знаеме кои возила се на терен и возат. Граѓаните може да се јават на редовните броеви за такси, тоа сè уште функционира, додаде Манчевски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот