Здравствените работници ќе го добијат бонусот од пет проценти овој месец

Здравствените работници во текот на овој месец ќе го добијат покачувањето на плата од пет проценти за март, најави министерот за здравство Венко Филипче, појаснувајќи дека досега се барало начин како тоа формално правно да се направи.

Потенцира дека на состаноци со претставници на Синдикатот на здравствени работници се дискутирало дали покачувањето може да биде дел од анкесот на Колективниот договор или со оглед на тоа што сумата од пет проценти доаѓа како поддрршка преку кредитот од Светска банка не може да се пресмета во основната плата, ќе биде како бонус- додаток.

– Во таа смисла ќе биде и нешто поголема сума заради тоа што ќе биде само дополнување. Средства се обезбедени и овој месец ќе ги добијат петте проценти, изјави Филипче.

Како што истакна министерот за здравство, се планирало ако не се стигне во мај, здравствените работници да добијат дупла сума за изминатите два месеца, а потоа да се продолжи со по пет проценти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот