Здравствениот систем во САД во тешка состојба: Дури 170.000 заразени во изминатото деноноќие и 2.157 починати од ковид-19

Фото: EPA-EFE/SASHENKA GUTIERREZ

Бројот на смртни случаи од коронавирус во САД надмина 2.000 за првпат од мај, а болниците низ целата земја се веќе полни.

Во изминатите 24 часа починаа 2.157 лица и беа заразени 170.000, додека експертите сугерираат дека бројот може да се зголеми, бидејќи милиони Американци патуваат за утрешниот празник на Денот на благодарноста и покрај повиците да останат дома.

Бројот на хоспитализирани низ Америка надмина 87.000 во изминатите 24 часа, додека 30 од 50 држави пријавија дека во ноември имаат рекорден број на пациенти во болниците.

– Од почетокот на глобалната пандемија, САД имаат речиси 260.000 смртни случаи и 12,6 милиони заразени, најмногу во светот, а по патувањето по повод Денот на благодарноста, сигурно дека никој нема да не стигне, рече д-р Татјана Провел од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Џонс Хопкинс”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот