Здравствени работници на италијанската армија ќе и помагаат на Словенија во борбата против ковид

Италијанска армија
Италијанска армија/ Фото EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Група здравствени работници на италијанската армија пристигнаа во Словенија за да им помогнат на словенечките колеги да ги лекуваат пациентите со ковид-19, потврди словенечкото Министерство за одбрана.

Станува збор за 10 анестезиолози и десет медицински сестри и техничари кои ќе се приклучат на словенечката воена амбуланта која му помага на цивилниот сектор во болниците во Љубљана, Цеље, Марибор и Ново Место, пишува Индекс.хр.

Словенија во моментов е во потешка ситуација од Италија

На свеченост во касарната во Крањ попладне ќе ги пречекаат министерот за здравство Јанез Поклукар и министерот за одбрана Матеј Тонин, соопшти словенечката влада.

Тонин постигна договор за оваа форма на помош за Словенија, која е во потешка епидемиолошка ситуација од соседна Италија, за време на работната посета на Рим пред две недели, на средбата со италијанскиот колега Лоренцо Гуерини, кога беше објавено дека 30 членки на италијанската војска би пристигнала во Словенија.

Благ пад

Четвртиот бран на епидемијата во Словенија веќе две недели е во благ пад.

Во последните 24 часа се потврдени 116 нови инфекции, со 18 починати, но пренатрупаноста на болничкиот систем се уште е висока. За еден месец се очекува нормализирање на болничкиот систем.

Епидемиолозите од владиниот научен совет велат дека е рано да се размислува за ублажување, поради малиот пад на новите зарази и други показатели и предупредуваат дека по минатогодишното ублажување на мерките за Божиќ и Нова година, епидемиолошката слика повторно е влошена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот